Пуштена во употреба Пречистителната станица во с.Кучичино

Во рамки на вториот повик за инфраструктурни проекти по сливот на река Брегалница , финансирани од Швајцарска амбасада преку Проектот за управување со речниот слив на Брегалница , Во општина Чешиново-Облешево денес од страна на градоначалникот Горанчо Крстев , претставникот од Швајцарската амбасада Клиф Хамер и претставници од Министерството за животна средина свечено беше пуштена во употреба Пречистителната станица кај с.Кучичино .
Изградена е Мала прочистителна станица за отпадни води во село Кучичино , која ќе допринесе за намалување на еколошката загаденост како за биолошкиот свет на река Брегалница а исто така ќе допринесе и за почиста животна средина. Прeчистителна станица е изградена во месноста викана Долна Лака во катастарската општина Кучичино . – изјави градоначалникот Крстев .
Изведувач на работите е „ЕкоИна“ Р.Храватска а подизведувач е фирмата „Алфа Инженеринг“ Радовиш.

Вкупната вредност за изградба на оваа прочистителна станица изнесува 23.000,00 мил. денари . Средствата за изградба се обезбедени од Швајцарска агенција за развој и соработка(SDC).

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *