2017-2021

Роден е на 26.06.1970 година во Кочани.

Образование ССС-рударски техничар.

Професионалната кариера ја започнува во 2001 година како управител (основач) на транспортна фирма “Грга Транс”.Подоцна во 2012 година ја купува фабриката за откуп,продажба и преработка на ориз ”Агро Грга ”.

На локалните избори во 2013 година беше кандидат за Градоначалник на општина Чешиново-Облешево од редовите на Социјалдемократскиот Сојуз на Република Северна Македонија.

По победата на локалните избори во 2017 година во општина Чешиново-Облешево го почнува својот мандат како градоначалник на оваа општина.

Оженет е со Марина Крстева со која има две деца,Ивица и Андреј.