Администрација

–          Општинската администрација во општина Чешиново-Облешево се организира во одделенија .

–          Одделенија се образуваат заради обединување на повеќе меѓусебно поврзани подрачја од надлежност на општината како и за извршување на: нормативно-правни работи, управување со човечки ресурси, стручно-аналитички, управни, управно-надзорни, информативно-документациони, стручно-оперативни, материјално-финансиски, инвестициони, информатичко технолошки, стручно-административни како и други работи што се извршуваат во органите на Општината.

–          Општинската администрација ја сочинуваат:

  1. Градоначалник
  2. Секретар
  3. Одделение за Правни, Општи работи и јавни дејности
  4. Одделение за финансиски прашања
  5.  Одделение за управување со човечки ресурси
  6.  Одделение за  урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и локален економски развој
  7. Одделение за инспекциски работи
  8. Одделение за внатрешна ревизија
  9. Organogram za organizaciona postavenost vo Opstina Cesinovo-Oblesevo