Е-урбанизам

Системот е достапен на следниот линк https://www.e-urbanizam.mk/

Системот за електронски постапки за урбанистички планови има за цел да го олесни процесот за донесување на постапки за урбанистички планови. Неговата цел е пред се да обезбеди брза и лесна комуникација помеѓу засегнатите страни во целиот тек на донесувањето на постапката. На тој начин се обезбедува ефикасно исполнување на барањата на сите корисници на системот како и транспарентност во целиот процес на донесување на плановите, преку увид во секоја фаза и чекор од нивното процесирање. Со помош на овој систем добиваме преглед на започнатите постапки, нивната историја на движење во текот на целата постапка како и на историјата на промени. Во зависност од улогата во која е најавен корисникот, постои можност за преглед на мислењата кои се дадени за дадена постапка од страна на избрана надворешна институција, како и преглед на процесот за донесување на стратегиска оцена.

Постапки:

 Детален урбанистички план (ДУП)

 Генерален урбанистички план (ГУП)

 Урбанистички план за село (УПС)

 Урбанистички план вон населено место (УПВНМ)

 Локална урбанистичка планска документација (ЛУПД)

 Државно урбанистичка планска документација (ДУПД)

 Урбанистичка планска документација за туристички развојни зони (ТРЗ)

 Урбанистичка планска документација за автокамп (АК)

 Проект за инфраструктура (ПИ)

 Урбанистичка планска документација за Регулациски план (РП)

 Архитектонско-урбанистички проект (АУП)

 Општ акт (ОА)

 Градби од посебен интерес (ГПИ)

 Процес за техничка исправка (ТИ)

 Постапка за извод од просторен план (ИПП)