За општината

12219506_482621225275151_7576943342424772882_n

Општина Чешиново-Облешево се наоѓа во најнискиот рамничарски предел од Кочанско Поле. Зафаќа простор во средното сливно подрачје на реката Брегалница, во подножјето на планините Осогово и Плачковица.Општината зазема средишна позиција помеѓу поголемите градски општини Кочани, Штип и Пробиштип. Преку главната сообраќајница Штип-Кочани-Делчево, општината се поврзува со Р. Бугарија.

Општина Чешиново-Облешево зафаќа територија од 133,5 км2, на која се протегаат следните населени места: Чешиново, Облешево, Соколарци, Спанчево, Теранци, Чифлик, Кучичино, Бурилчево, Уларци, Жиганци, Бања, Врбица, Новоселани и Лепопелци. Седиште на општината е Облешево.

Целокупниот регион на општината е поделен на рамничарски дел- обработливо земјиште 6.618 ха и планински дел-шуми 1.045,3 ха. Просечната надморска височина во општината изнесува 338.Изразено по населени места тоа изгледа вака:

Аграрна структура на атарот во ха

Населба Над.височина Површ.во атарот(км2) Вк.аграрнаповршина Обработливоземјиште пасишта шуми
Облешево 305 6,3 587 579 8 0,6
Бања 370 10,4 865 401 461 3
Бурилчево 330 5,6 516 286 224 6
Кучичино 320 10,2 936 422 509 5
Новоселани 330 2,1 183 162 21 0,2
Спанчево 350 17,6 1289 484 785 20
Теранци 340-400 21,6 2012 614 445 953
Уларци 305 5,3 439 408 18 13
Чифлик 295 5,7 513 435 65 13
Чешиново 335 7,0 634 619 15
Врбица 430 11,5 1100 430 650 20
Жиганци 320 7,2 641 577 60 4
Лепопелци 330 4,0 352 308 44 0,5
Соколарци 340 19,0 1890 893 990 7
ВКУПНО: 133,5 11.957 6.618 4.295 1.045,3

Во с.Облешево, веке со години работи сточниот и зелениот пазар, еден од поголемите во Источна Македонија.