Демографија

Се до средината на минатиот век немаме пишани податоци за бројот на населението на територија на општина Чешиново-Облешево.Првите податоци ги сретнуваме дури во 1866 година, но и тие не се точни бидејки се дадени по проценка: за македонското население е даден вкупниот број а за турското-само за машкото население.Поточни податоци се сретнувааат некаде дури околу 1900 година.Во табелата ќе го наведеме бројот на населението во сите населени места почнувајки од 1900 година:

Населено место 1900 год. 1948 год. 1961 год. 2002 год.
Бања 200 629 687 436
Бурилчево 100 178 240 149
Чешиново 310 791 1134 1.056
Чифлик 220 392 623 688
Кучичино 350 567 760 591
Лепопелци 140 135 156 17
Новоселани 78 123 71
Облешево 350 673 1011 1.098
Соколарци 680 1055 1307 946
Спанчево 785 923 1209 996
Теранци 395 834 882 710
Уларци 334 465 356
Врбица 100 278 213 18
Жиганци 156 430 579 358
ВКУПНО 3.786 7.297 9.389 7.490

Денес на територија на општина Чешиново-Облешево живеат вкупно 7.490 жители (Попис 2002 година) изразено во домаќинства бројот изнесува вкупно 2.423 домаќинства или 2960 станови за живеење. Просечен број на членови на едно домаќинство изнесува 3,1. Според националната припадност на територија на општината живеат 7.455 македонци, 30 се влашко население 4 срби и 1 се изјаснил како останато.Од вкупниот број на жители 45,6% се активно население.Густината на населението изнесува 56,6 жители на 1 км2. Миграцијата село-град последните години е доста опадната и младото население останува во општината, барајки егзистенција во земјоделието.

Во табелата е прикажан вкупниот број на население даден според возрасни групи, состојба 30.06.2008 година, по спецификации. (Податоци од ДЗС)

Возрасни групи Вкупно Мажи Жени
0 56 34 22
1-2 113 58 55
3-4 117 64 53
5-6 125 69 56
7-9 224 111 113
10-14 413 208 205
15-19 494 245 249
20-24 525 278 247
25-27 308 167 141
28-29 179 92 87
30-34 521 305 216
35-39 481 266 215
40-44 507 262 245
45-49 558 308 250
50-54 566 309 257
55-59 540 296 244
60-64 414 203 211
65-69 348 170 178
70-74 365 159 206
75-79 248 97 151
80+ 214 86 128
7319 3789 3530