Јавен повик за прибирање на идеи за донесување на Буџетот за 2017 година

Врз основа на одредбите во Законот за буџети, Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и Буџетскиот календар на Општината, а заради транспарентност во работењето на општината, Градоначалникот на општина Чешиново – Облешево распишува

Ј А В Е Н П О В И К

со кој ги повикува граѓаните, месните заедници, здруженијата на граѓани, клубовите и буџетските корисници, со сопствени идеи, сугестии и проекти, да се вклучат во процесот на донесување на Буџетот на општината за 2017 година.
На тој начин ќе им помогнете на Градоначалникот и општинската администрација во Буџетот на општина Чешиново – Облешево за 2017 година да извршат правилна алокација на средства за задоволување на Вашите потреби.
Вашите проекти, барања и останати прилози во електронска форма можете да ги доставите преку Веб страната на општината, а во печатена форма преку архивата на општината најдоцна до 25.11.2016 година.

Градоначалник
Костадин Личков

naslovna-veb

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *