Потпишување на Меморандум за соработка

Имајќи ја предвид позитивната пракса од соработката на локалните самоуправи и стручните невладини организации за успешно спроведување на мерките за зачувување на природата , согледувајќи ги можностите за заедничко настапување при подготовка и спроведување на мерки за активности и проекти за заштита и зачувување на природата , Општина Чешиново-Облешево и Македонското еколошко друштво-Скопје денес во просториите на општината потпишаа Меморандум за соработка. Основна цел на овој Меморандум за соработка е продлабочување на соработката помеѓу Општина Чешиново-Облешево и МЕД во рамки на тековните активности кои се однесуваат на проучување и заштита на природата преку: мониторинг на белиот штрк, обврски кои произлегуват од изборот за „Европско село на штркови“ за 2013 година, како и спроведување на конзервациски мерки во рамки на проектот „Јадрански прелетни патишта 4: Сигурна енергетска мрежа во Чешиново – Облешево и поширокиот регион на Овче Поле“ на територијата на Општината.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *