Започна учебната 2020/2021

Почитувани граѓани,

Со еден месец задоцнување деновиве започна учебната 2020/2021 која протекува во доста специфични услови и се одвива по протоколи кои значат безбеден воспитно образовен процес. Во Општина Чешиново-Облешево наставата со физичко присуство во училиштата започна за сите ученици од прво, второ и трето одделение. Наставата со физичко присуство ќе се одвива и за сите останати одделенија во подрачните училишта од општината , единствено онлајн настава ќе следат учениците од 6то – 9то одд од ОУ„Климент Охридски“ во Облешево и учениците од 6то – 9то одд од ОУ„Страшо Пинџур “од Чешиново. Одговорните во училиштата и ние како Општина, вложуваме максимални напори наставниот процес и понатаму да се одвива непречено и, воедно, сите проблеми кои ќе се појават во техничка смисла, да ги решаваме навремено. Апелираме и до сите граѓани, родители и ученици да бидеме дисциплинирани, да ги почитуваме препораките и да вложуваме напори, сите заедно да го направиме овој процес успешен, бидејќи образованието е важно и за него нема алтернатива, тоа е најсилната алка која ги држи младите на правиот пат и ја трасира нивната иднина.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *