ПРОМЕНА НА СТАРОТО ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ СО НОВО ЛЕД ОСВЕТЛУВАЊЕ

Во општина Чешиново-Облешево извршивме промена на јавното осветлување по ЕСКО модел за јавно осветлување во сите населените места од општината. Станува збор за нов модел на високо квалитетна ЛЕД технологија за улично осветлување, со него ќе се овозможи значителна заштеда на електрична енергија а со самото тоа и намалување на трошоците за плаќање на сметките за електрична енергија. Овој проект е дел од Регионалната програма за енергетска ефикасност во Република Северна Македонија, која ја поддржува енергетската ефикасност со фокус на јавниот сектор преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), за што е обезбедена финансиска поддршка од Инвестициската рамка на Европската Унија за Западен Балкан. Промената на Јавното осветлување за нашата општина е од особено значење бидејки покрај тоа што имаме големи заштеди, кога би ги спомнале финансиските импликации од реализацијата на проектот, ќе имаме и поквалитетен и модерен живот.

НОВО SMART LED ОСВЕТЛУВАЊЕ

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *