Kрпење на ударните дупки
Како дел од Програмата за изградба и одржување на локалните улици и патишта во општина Чешиново-Облешево за 2016 година , Денес започнати се активности за реконструкција на локалните патишта во Општина Чешиново-Облешево .
Со крпење на ударните дупки е започнато во с.Уларци а ќе бидат опфатени и останатите населени места од општината таму каде што е нај неопходна нивна санација за нормално одвивање на сообраќајот . Од страна на општината набавени се 50 тони асфалт за крпење на ударните дупки а фирма изведувач на работите е „Техноинженеринг“ ДООЕЛ Радовиш.