Започна изградбата на две улици во с.Теранци

Во општина Чешиново-Облешево во с.Теранци започнати се градежните активности за изградба на две улици .
Улицата „Кемал Билалов“ и ул. „Богатин Вучков “ во с.Теранци ќе бидат поплочени со бекатон плочки со дебелини од 8см .Фирма изведувач на градежните активности е „Промонтинг“ ДОО Скопје , и моментално работат на подготвување на теренот за работа . Започнато е со порамнување и тампонирање на улиците кои во проектот е предвидено да бидат со широчина од 3,5метри.
Средставата за изградба се обезбедени со финансиска поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и средства издвоени од Буџетот на Општина Чешиново-Облешево. Вкупната вредност за реализација на овој проект изнесува околу 6.341.705,оо денари.

11225402_616444628559476_5147997107162122537_n 14604833_616444675226138_5380936295087378614_n 14695388_616444875226118_7118938418710727821_n 14724597_616444625226143_1024754648191698739_n 14732201_616444461892826_3510130199922244708_n

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *