Соопштение за авионско третирање против комарци

Општина Чешиново-Облешево ја информира јавноста дека на ден 11.08.2017 (петок) со почеток од 05.00 часот до 08.00 часот ќе се спроведе авионско третирање против комарци во 2017 година.

Границата на третирањето започнува од влив на Река Злетовица во Река Брегалница  по течение на Река Брегалница до висина на село Теранци, потоа површините помеѓу пат М-5 и Река Брегалница од влив на Река Злетовица до село Облешево во висина на село Теранци (со с.Чифлик), површини помеѓу пат М-5 и селата Жиганци, Соколарци, Спанчево и Бања почнувајќи од с. Уларци до надвозник кај село Тркање.

Со третирањето ќе бидат опфатени и населените места Жиганци, Новоселани, Соколарци, Спанчево, Бања, Уларци, Чешиново, Облешево, Бурилчево, Кучичино, Чифлик, Теранци.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден.

                                                                                                               Општина Чешиново – Облешево

Градоначалник

Костадин Личков

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *