Отчет на Горанчо Крстев градоначалник на општина Чешиново-Облешево

После 100 дена откако управува со Општина Чешиново – Облешево, градоначалникот Горанчо Крстев, одржа

прес конференција на која рече: Со преземање на мандатот главна цел ми беше подобрување на условите за живот на граѓаните во мојата општина .

Вратите на општината се отворени за секој кој ќе даде свој предлог и придонес да ја направиме општината посакувано место за живеење.
Работиме и ќе работиме напорно да ја оствариме Програмата и планираните активности кои ги ветивме пред Вас во предизборниот период.
Општината е отворена и услужна за секој граѓанин. Во првите 100 дена се примени над 1000 граѓани бројка која зборува дека граѓните имале потреба да се сретнат со првиот човек на општината и лично пред него да ги истакнат проблемите со кои се соочуваат.
Во делот на инфраструктурните проекти склучивме договор за реализација на два битни проекти за општината и тоа : Нова бушотина за вода во село Спанчево и Изградба на две улици во село Теранци. Градежните активности и на двата проекти се во тек.
Во интензивни разговори сме со Министерството за транспорт и врски за реализација на проектот Изгрдаба на пречистителна станица со канализациона мрежа во село Спанчево. Во тек е подготовка на документацијата по што ќе следи реализација на проектот.
Во село Кучичино ја пуштивме во употреба пречистителната станица на фекалната канализација.
Во тек се градежни активности за изградба на две улици во село Теранци чии градежни активности од претходната власт беа повеќе пати одложувани. По Наше укажување за одредени неправилности и одложување на работните активности, од страна на изведувачот е отпочнато со сериозно и навремено реализирање на изведбените работи.
Во тек се разговори со Јавното претпријатие за државни патишта „Македонија пат“ за доасфалтирање на делница Теранци-Кучичино во должина од 1100метри. Излезено е на терен и во наредниот период ќе се започне со градежни активности.
Во соработка со Центарот за развој на источниот плански регион изготвена е проектната задача за реализација на проектот Еко етно парк во општина Чешиново-Облешево.
Во делот на даноци, изготвени се три облога и тоа Облог за комунална такса за фирми – изготвени се 166 Решенија на вкупен износ од 766.000,00 денари, Данок на имот за физички лица – изготвени се 2163 Решенија на вкупен износ од 826.424,00 денари и Данок на имот за правни лица – изготвени се 45 Решенија на вкупен износ од 162.264,00 денари. Во тек е доствата на Решенијата и наплата на истите.
Спроведени се шест постапки за јавни набавки од кои за три веќе се склучени договорите, а за останатите три постапката е во тек.
Издадени се 6 Решенија за усвојување на Елаборати за заштита на животната средина.
Изготвени се 26 Решенија за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти. Истите се спроведени во Агенцијата за катастар на недвижности.
Издадени се 3 Одобренија за градба на приватни објекти.
Издадени се две Решенија за изградба две набљудувачници на птици.
Општината наследи долг од 15.161.554 денари. За само 100 дена успеавме да вратиме дел од долгот од 1.026.678,00 денари.
Еден од трите заостанати паушали на членовите на Советот од претходниот состав веќе е исплатен. Се работи за вкупен износ од 110.223 денари, паушал за месец август 2017 година.
Одобрени и исплатени се 13 Барања за финансиска помош од граѓани за лекување или социјално загрозени семејства. За 3 дечиња од општината, деца со ментална и телесна попреченост одобрени се средства за превоз на истите до и од Дневниот центар за лица со телесна и ментална попреченост.
Финансиски ги поддржавме манифестациите Сурова во с.Теранци и Св.Трифун во с.Кучичино.
И понатаму ќе продолжиме со исто темпо на работа се со цел општина Чешиново-Облешево да биде посакувано место за живеење на идните млади генерации.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *