Крводарителска акција

Општина Чешиново-Облешево во соработка со општинската организација на Црвениот Крст Кочани, организира Крводарителска акција во сабота 14.05.2022год. , со почеток од 10:00 до 13:00часот во просториите на ОУ„Климент Охридски“ Облешево.Во интерес на успешноста на акцијата, Општината ги повикува сите граѓани кои сакаат да бидат хумани, да дојдат и да даруваат крв.Дарувањето крв е нај значајниот чин кој се темели на принципите на доброволност и солидарност, а крвта е лек за кој не постои соодветна замена. Затоа е значајно во секое време да има доволни количини на крв, што може да се постигне единствено со доволно крвни резерви во трансфузиолошките служби.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *