Изградба на бунар за подобрување на водоснабудвањето во Спанчево

Европската Унија (ЕУ) обезбеди средства за развој на руралната инфраструктура, преку програма која ја имплементира Министерството за финансии, а истата е администрирана од страна на Светска банка. Во рамки на оваа програма, Општина Чешиново–Облешево обезбеди грант во износ од 2.053.767 денари за реализирање на проектот „ Изградба на бунар за подобрување на водоснабудвањето на с.Спанчево со изведба на цевковод за поврзување на бунарот со резервоарот„.
Завршна е изградбата на бунар со длабочина од 65метри, и со капацитет на бунарот од 2 литри во секунда. Зафатените количини на вода ќе се пумпат до постоечкиот резервоарски простор од каде ќе се дистрибуира вода по веќе постоечката водоводна мрежа.
Изградбата на овој Бунар е со намена за обезбедување на дополнителни количини на вода во летниот период кога намалува капацитетот на издржливоста на постоечкиот, и со неговата изградбата ќе се реши овој долгогодишен проблем со кој беа соочени жителите на село Спанчево кои конечно ќе добијат квалитетно водоснабдување.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *