Реализирана кампањата „биди модерен-селектирај паметно“
Во општина Чешиново –Облешево беше реализирана кампањата „Биди Модерен – Селектирај Паметно “. Во едукативната кампања која ја спроведе Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување Еко-Пак Хит ДОО Кочани беа опфатени учениците од Основните и подрачните училишта од ОУ„Страшо Пинџур“ Соколарци и ОУ„Клинент Охридски“ Облешево како и дечињата од најголемата воспитна група во Детската градинка Ѕвездички.
Во кампањата учествуваа учениците од прво до четврто одделение и дечињата од најголемата воспитна група во градинката, при што опфатени се вкупно 220 деца.Во секоја паралелка се одржани по 2 часа, од кои на првиот час е одржана едукација преку презентирање на презентација под наслов Биди модерен-селектирај паметно, а на вториот час спроведена е интерактивна настава преку метод на дискусија и прикажување. Третиот дел од едукацијата е акција за собирање и селекција за отпадни материјали . По сумирање на резултатите од акцијата на најдобрите одделенија им беа доделени награди спортски реквизити( фудбалски топки ), додека другите учесници добија благодарници за учество во програмата.