ЗАПОЧНА ПРИЈАВУВАЊЕТО НА СТАРИТЕ И ИЗНЕМОШТЕНИ ЛИЦА ОД ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО ЗА НЕГА ВО НИВНИТЕ ДОМОВИ

Во општините Чешиново-Облешево , Кочани и Зрновци започнува реализацијата на сервисната услуга „Грижа и нега на стари лица во домот“, чиј носител е општинската организација на Црвен крст од Кочани. Активноста се реализира во рамки на проектот „Подвижност“, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и со финансиска поддршка од Светска банка.Заинтересираните стари и изнемоштени лица од трите општини треба да поднесат соодветна здравствена и друга документација во Центарот за социјални работи во Кочани, чии стручни служби ќе го утврдат исполнувањето на потребните услови за добивање на услугата.-Во подготвителната фаза за негуватели беа обучени 16 невработени и лица од социјален ризик, кои се стекнаа со верификуван сертификат и тие ќе ги посетуваат корисниците на услугата во нивните домови. Притоа, ќе им обезбедуваат основна здравствена грижа и нега, ќе им помагаат во одржувањето на хигиената, набавката на храна и лекови и слични потреби. Пријавувањето за добивање на услугата ќе трае до крајот на јануари, а се планира од наредниот месец лиценцираните негуватели да излегуваат на терен. Корисниците ќе добиваат нега и грижа во текот на една година, а сервисната услуга за нив ќе биде бесплатна.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *