О Б Ј А В А БР. 1 ( 14.12.2015 година) За отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија

ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО

О Б Ј А В А   БР. 1 ( 14.12.2015 година)

За отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во општина Чешиново-Облешево

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

svatanasobjava1

 

Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија, предвидено со Локална Урбанистичка Планска Документација за КП 123 и КП 124 м.в.Кривулица-Ѓерен КО Облешево усвоена со Решение од Градоначалникот на општина Чешиново-Облешево бр.22-31 од 01.08.2013 година и Урбанистички план вон населено место за стопански комплекс со намена Г2 лесна и незагадувачка индустрија и Е2 комунална супраструктура во м.в. с.Атанас КО Спанчево донесен со Одлука на Совет на општина Чешиново-Облешево бр.07-1613/1 од 11.09.2013 година, согласно Табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежна парцела, број на катастарска парцела опфатена со градежна парцела, максимална висина, вкупна површина на градежна парцела, површина на градење, процент на изграденост, коефициент на искористеност, бруто развиена површина и депозит за учество на јавното наддавање.

ТАБЕЛАРЕН ПРЕГЛЕД

tab sv

 

Право на учество на јавното наддавање имаат:

1.Физички лица: државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската Унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската Унија и на ОЕЦД а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територија на Република Македонија.

2.Правни лица: домашни правни лица, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице лице, регистрирани во Централен регистар на Република Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на Европска Унија и на ОЕЦД а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територија на Република Македонија.

УСЛОВИ НА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање ( во електронска форма, на www.gradezno-zemjiste.mk во која е наведено за која парцела се однесува самата пријава и кои документи се составен дел на пријавата и кои документи се составен дел на пријавата),  комплетирана со следните докази:

1.Пријава од подносителот во која се наведени податоци  за подносителот на пријавата,

2.Доказ за платен депозит во оригинал (да се наведе број на оглас и број на градежна парцела во цел на дознака)

3.За физички лица Уверение за државјанство

4.За правни лица доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар

5.e-mail адреса на подносителот на пријавата, преку која се врши постапката за регистрирање на учество на електронското јавно наддавање односно ќе му бидат испратени корисничко име и шифра  за пристап на интернет страницата на која ќе се одвива електронското јавно наддавање (за подносителите на пријави  кои ќе достават погрешна e-mail адреса, општина Чешиново-Облешево ќе нема обврска да прима и врши корекции на истата)

6.Фотокопија од лична трансакциона сметка (на која ќе може да се врати депозитот за учество на јавното наддавање).

Пријавите кои не се комплетни со овие докази нема да учествуваат на електронското јавно наддавање за што подносителите на некомплетни пријави ќе бидат електронски известени.

       

ПОЧЕТНА ЦЕНА

Почетната цена на електронското јавно наддавање е дадена во Табеларниот преглед и изнесува 61,00 денари од метар квадратен.

 

ДЕПОЗИТ

1.Депозитот за учество на електронското јавно наддавање за секоја градежна парцела е утврден согласно Табеларен преглед даден во оваа објава и изнесува 15% од вкупната почетна цена за секоја градежна парцела посебно.

2.Депозитот се уплатува вирмански или преку пошта: назив и седиште на примачот – Буџет на општина Чешиново-Облешево, Банка на примачот – Народна Банка на Република Македонија, Трансакциска сметка 100000000063095, сметка на Буџетски корисник 7720140460 69613, приходна шифра 733111, програма 00, со назнака „ депозит за јавно наддавање за отуѓување на градежно земјиште“ (да се наведе број на оглас и број на градежна парцела во цел на дознака)

3.Депозитот се враќа во целост на подносителите на пријавата за јавно наддавање во рок од 15 дена од денот на оддржување на јавното наддавање, освен на понудувачот кој понудил најповолна цена на кого по уплатата на вкупната цена постигната на јавното наддавање му се враќа уплатениот депозит намален за трошоци на постапката во износ од 10% од депонираните средства.

 

РОКОВИ

Пријавите за учество на јавното наддавање за градежните парцели од Табеларниот преглед можат да се достават до   18.01.2016 година електронски на следната интернет адреса  www.gradezno-zemjiste.mk.

Јавното наддавање ќе се одржи  електронски на следната интернет адреса www.gradezno-zemjiste.mk.

Јавното наддавање ќе започне на 25.01.2016 година како што следува:

Во 09.00 часот за ГП 1.01 и истото ќе трае 15 (петнаесет) минути

Во 09.30 часот за ГП 1.10 и истото ќе трае 15 (петнаесет) минути

Во 10.00 часот за ГП 1.11 и истото ќе трае 15 (петнаесет) минути

Во 10.30 часот за ГП 1.13 и истото ќе трае 15 (петнаесет) минути

 

ПОСТАПКА

1.Комисијата ги известува подносителите на пријавите за комплетираноста на истите по електорнски пат, во рок од три дена од денот на поднесување на истите, при што на подносителите на пријавите кои доставиле комплетна документација им доставува и корисничко име и шифра за учество на електронското јавно наддавање а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека истите нема да учествуваат на јавното наддавање.

2.На денот на одржување на електронското јавно наддавање учесниците пристапуваат на интернет страната со корисничко име и шифрата која ја добиле на е-маил адресата доставена во прилог на пријавата за учество на јавното наддавње.

3.Електронското јавно наддавање може да отпочне со најмалку еден учесник во јавното наддавање, за секоја градежна парцела посебно

4.Електронското јавно наддавање го следи Комисија, формирана од Градоначалникот на општина Чешиново-Облешево.

5.Електронското јавно наддавање започнува со објавување на почетната цена на земјиштето по метар квадратен, а се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.

6.Наддавањето се врши„чекорно“ со зголемување на вредноста со секој „чекор“ не помалку од 10 денари.

7.Елекронското јавно наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во оваа објава, при што доколку во истекот на последните две минути од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за периодот од следните две минути нема нова дадена понуда.Јавнотѕо наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.

8.Учесникот на јавното наддавање кој понудил најголема цена се стекнува со статусот најповолен понудувач.

9.Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање и електронски го доставува до сите учесници на јавното наддавање.

10.Најповолниот понудувач е должен во рок од 15  (петнаесет) дена од од денот на завршување на постапката за јавно наддавање да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето, и до Комисијата да достави доказ за извршената уплата со целокупната документација потребна за учество на јавното наддавање (во оригинал или копија завренена кај нотар)

11.Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средствата во утврдениот рок и не ја достави целокупната документација потребна за учество на јавното наддавање ќе се смета дека градежното земјиште не е оттуѓено, нема да се пристапи кон склучување на договор за оттуѓување и депонираните средства на најповолниот понудувач нема да му бидат вратени, а истиот нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната градежна парцела.

12.По извршената уплата во утврдениот рок и доставувањето на целокупната документација потребна за учество на јавното наддавање, Градоначалникот склучува договор со најповолниот понудувач за оттуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Македонија. Со договорот купувачот се обврзува да прибави одобрение за градење на предвидениот објект од надлежниот орган во рок од 9 месеци од извршената солемнизација на договорот каде што предмет на договорот е градежна парцела над 5.000м2 и е должен земјиштето да го изгради согласно со урбанистичкиот план по кој истото е оттуѓено.

Купувачот е должен да го изгради објектот согласно урбанистички план по кој земјиштето е оттуѓено, во рок не подолг од 2 (две) години од добивање на правосилно одобрение за градење за објекти со бруто изградена површина од 1000 м2 согласно добиеното одобрение за градење, односно во рок не подолг од 4 (четири) години од добивање на правосилно одобрение за градење за објекти со бруто изградена површина над 1000 м2 согласно добиеното одобрение за градење во спротивно доколку купувачот не извади одобрение за градење во предвидениот рок односно доколку објектите не се изградат во определениот рок по вина на купувачот, истиот ќе има обврска да плаќа договорна казна во висина од 1,5% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање на предметното земјиште за секој изминат месец во првата година од истекот на рокот, односно 3% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање на предметното земјиште за секој изминат месец во втората година од истекот на рокот, односно 4,5% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање на предметното земјиште за секој изминат месец во третата и секоја наредна година од истекот на рокот.

13.Сопственикот на градежното земјиште стекнато во постапка за оттуѓување по пат на јавно наддавање не смее истото да го пренесува на трети лица, пред исполнување на обврските од договорот за оттуѓување на истото. Забраната за пренесување на трети лица се прибележува во јавната книга за запишување на правата на недвижности.

14.Најповолниот понудувач се обврзува да го плати данокот на промет што ќе произлезе како обврска по склучениот договор за оттуѓување на градежното земјиште.

15.Во цената на градежното земјиште не е вклучен надоместокот за уредување на градежното земјиште.

16.Трошоците за нотарската процедура и воведувањето  во евиденцијата на недвижностите во Агенцијата за катастар за недвижности паѓаат на товар на купувачот на градежното земјиште.

17.Незадоволните учесници на јавното наддавање можат да изјават приговор до Комисијата во рок рок од 3 (три) дена од одржаното електронско јавно наддавање. По приговорот  Комисијата е должна да одлучи во рок од 5 (пет) дена од приемот на истиот.

18.Против решението донесено од страна на комисијата, со кое се одлучува по поднесен приговор странката има право да поднесе жалба во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на приемот на решението до Државната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Оваа објава ќе биде објавена на веб страната на општина Чешиново-Облешево www.cesinovo-oblesevo.gov.mk

 

 

                                           Општина Чешиново-Облешево

                                            Комисија за спроведување на

                                           постапките за јавно наддавање

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *