КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА
Во сабота во просториите на ОУ„Климент Охридски“ Облешево беше реализирана крводарителска акција во соработка со општинската организација на Црвениот Крст Кочани и Службата за трансфузиона медицина.Општина Чешиново-Облешево како организатор на крводарителската акција изразува голема благодарност до сите крводарители кои уште еднаш ја покажаа својата хуманост.