Презентација за економската вредност на колониите на бели штркови
Во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија на третата и четвртата обуката „За Зачувување на биолошката разновидност во плановите и услугите на општините “ и „Одржливо користење и управување на природните ресурси“ , која се одржа на 21ви и 22ри овој месец, Општина Чешиново-Облешево беше посочена како пример меѓу општините кои се грижат за зачувување на природата . На презентацијата која ја спроведе МЕД за „Потенцијална економска вредност на колониите на бели штркови во Селото на штрковите Чешиново-Облешево“ беше презентирано што се е сработено досега во општина Чешиново-Облешево како и потенцијалот на општината за развој на еко-туризмот.