25 години самостојна, независна и суверена Македонија

Сакам да Ви го честитам денешниот ден 8ми септември „Денот на независноста на Р.Македонија “. Голем ден за Македонија и македонскиот народ кои сите сплотени во 1991 година одлучивме да живееме во самостојна, суверена и независна Македонија.
Поминаа 25 години од тој светол ден кога го остваривме својот вековен идеал – слободна Македонија! . Тој вековен идеал беше мисла и водич низ историјата на нашите предци низ бројни востанија, и ослободителни војни, со бројни жртви, дадени за овој народ и ова мало парче земја, распарчувано со векови. Без оглед на предизвиците кои доаѓаат на нас денешните генерации чувањето на независноста е наша обврска, која им ја должиме на нашите предци на нас самите и на нашите поколенија.
На нас останува обврската да ја направиме Македонија политички и економски силна, развиена и стабилна држава а нашата општина пријатно место за живеење за секој граѓанин.
Уште еднаш нека ни е Честит 8ми Септември! Да ни биде вечна и вековита Македонијa!

Општина Чешиново-Облешево

Градоначалник

Костадин Личков

412308-25-godini-samostojna-i-nezavisna-republika-makedonija

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *