“16ти состанок на европска мрежа на штркови”

Од 12 до 15 Јуни, Општина Чешиново-Облешево беше домаќин на “16ти состанок на европска мрежа на штркови”, a со тоа и на претставници од 10 држави од Европа меѓу кои: Германија, Србија, Полска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Грција и Турција. 
Првиот ден од програмата беше резервиран за презентација за Општина Чешиново-Облешево, за штрковите во државата презентираше претставник од Македонското Еколошко Друштво, како и презентација за Активностите за зачувување на природата во Источен плански регион.
Попладнето беше потполнето со презентација на постери на сите учесници од Европските села на штркови каде се дискутираше за новостите, проблемите и предизивиците со кои се соочиле општините минатата година, како и презентации за Биодиверзитетот и заштитените подрачја околу Чешиново-Облешево и за Судири со енергетската инфраструктура и електрокуцуја на бели штркови од страна на МЕД. 
Остатокот од денот учесниците го поминаа во Еко етно паркот во с.Чешиново посветен на штркот, каде се одржуваше манифестацијата “Ден на штркот” организирана од основните училишта “Климет Охридски”-Облешево и “Страшо Пинџур”-Соколарци и Детската градина “Ѕвездички”-Чешиново со клонот “Кокиче”-Облешево. Исто така учесниците имаа можност да ги посетат штандовите каде беа изложени рачни изработки од локалното население.
Вториот ден од програмата беше исполнет со презентации за Едукативни активности во природа од стана на наставници- учесници во Еразмус + програмата и презенатација за Напредокот и следни чекори на проектот Влажни ливади и пасишта, фаза 2 од страна на директорот на германската фондација ЕуроНатур.
Попладнето учесниците ја имаа можноста да го посетат Лесновскиот манастир со околните пештери и уживаа во вкусната традиционална храна.
Поддржувачи на манифестацијата беа: ЕуроНатур-Германија, Швајцарската агенција за развој и соработка преку програмата за зачувување на природата со Центар за источен плански регион, проект координиран од Фармахем, Министерството за Економија и Макеодонското еколошко друштво.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *