Чешиново-Облешево горда на постигнувањата на Емина Димитрова

Во организација на Атлетското здружение на српската екстремна трка и еко маратонот на АРК на 9 и 10 март 2019 годинава се одржа “10ти Маратонски маратон ” во Ада Циганлија – Београд. 
Овогодинешниот јубилеен 10-ти настан се одржа под покровителство на Атлетската федерација на Србија и Атлетската федерација на Македонија.

Општина Чешиново-Облешево гордо може да се пофали со постигнувањата на Емина Димитрова од с.Чешиново млад перспективен инспектор вработена во МВР Кочани , која со една единствена цел да ги потикне младите активно да се борат против денешните пороци, учествуваше на Ултра Маратонот од 24часа каде постигна извонреден резултат од 5то место со истрчани 86 километри во рамки на Српското првенство и освоено 3то место во рамки на Македонското првенство .

Два медали и две дипломи во рацете на нашата Емина го красеа грбот на Македонското и општинското знаме на овогодишниот маратон.

По тој повод градоначалникот Горанчо Крстев денес во својот кабинет оствари прием каде што самиот лично и честиташе на Емина за постигнатите резултати а исто така и посака многу среќа и успех во остварување на своите замислени цели во животот, бидејќи само со таква младина и со нивните успеси општина Чешиново-Облешево ќе биде секогаш горда.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *