Уредување на паркот во Чешиново
Општина Чешиново-Облешево во соработка со ООУ„Страшо Пинџур„ и МЗ Чешиново како и ЈПКД Облешево, денес спроведоа акција за уредување на паркот во с.Чешиново. Покрај вообичаените активности како косење и одржување на паркот учениците од „Стршо Пинџур„ денес посадија цвеќиња во самиот парк. Целта на оваа активност е подигање на свеста кај нај младите за зачувување на парковите а со самото тоа и уредување на истите.