Проект“ FROM DISABILITY TO FOODABILITY”

Националната федерација на фармери во период од јули 2019 до јули 2021 година започна со имплементација на проектот “ FROM DISABILITY TO FOODABILITY” подdржан од Шведската организација за развој We Effect и Radiohjalpen , како надворешна експертиза на полето на лица со попреченост во овој проект е вклучен Институтот за специјална едукација и рехабилитација при филозофскиот факултет во Скопје. 
Проектот има за цел да придонесе кон подобрување на состојбата на лицата со попреченост – деца и возрасни со интелектуална и физичка попреченост и нивните семејства кои живеат во руралните области . Со таа цел денес се одржа презентација во просториите на општина Чешиново-Облешево на која лично присуствуваше Градоначалникот Крстев , претставници од Центарот за Социјални работи Кочани како и претставници од општините Берово и Зрновци каде овој проект исто така ќе биде имплементиран. 
Целта на проектот е лицата да бидат насочени кон производство на производи со додадена вредност (органски,преработени) со можност за производство во текот на целата година. Производите ќе бидат наменети за членовите на семејствата со што ќе се обезбеди храна и можност за дополнителни приходи преку продажба на вишокот производи. Проектот примарно ќе опфати две семејства од нашата општина и тоа од с.Спанчево и с.Соколарци.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *