ПОСТАВУВАЊЕ НА ФОТОВОЛТАИЧНИ СОЛАРНИ СИСТЕМИ

Општина Чешиново-Облешево е една од 36те општини во државата каде се имплементира проектот за набавка и инсталација на фотоволтаични системи во јавни општински објекти. 
Проектот се реализира на барање на Владата за кој ЕУ вклучувајќи го и кофинансирањето од Владата обезбедени се 20,667 милиони евра. Програмата ја имплементира Министерството за финансии, а истата е администрирана од страна на Светска банка. 
Во општина Чешиново-Облешево фотоволтаични системи ќе бидат поставени на три јавни објекти и тоа : Општинска- административна зграда во Облешево , ОУ„Страшо Пинџур“ с.Соколарци , и Подрачно училиште „Страшо Пинџур“ во Спанчево. 
Со поставувањето на фотоволтаичните системи ќе се направат значајни заштеди на електричната енергија кај овие јавни објекти, со што дирекно ќе се намалат трошоците на општината. Едновремено со овој проект ќе се зголеми и бројот на користени обновливи извори на енергија согласно стратешките напори на Владата за поттикнување на користење на обновливи извори на енергија и заштита на животната средина. 
Фирма изведувач на градежните работи е Друштво за производство, трговија, промет и услуги КМГ ЕОЛ КВАЗАР ДООЕЛ Скопје.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *