Помош за семејствата од социјално-ранлива категорија
Општина Чешиново-Облешево по повод Божиќните празници додели пакети со основни животни намирници на лицата од социјална-ранлива категорија. Тоа се лица на кои оваа помош им е добредојдена во овој празничен период. Со овој хуман гест се подигнува и јавната свест за грижа кон оваа група на граѓани. Општина Чешиново-Облешево и натаму ќе организира акции за помош и ќе им излегува во пресрет на овие семејства.