Пакети со храна за социјално ранливата категорија на граѓани

Во духот на меѓусебното почитување и соживот, градоначалникот Г-н Далибор Ангелов во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, подели пакети со храна за социјално ранливата категорија на граѓани. Во рамки на хуманитарната акција „ Сите заслужуваат Новогодишна и Божиќна трпеза“ која е организирана од страна на општина Чешиново-Облешево, активно се вклучија вработените од општината и бизнис секторот. Во оваа хуманитарна акција својата солидарност ја покажаа :„ Хапа Фарм“-Спанчево, „Даниво“ ДООЕЛ , „Нале Транс“ , ,„Еко Зрно “–Спанчево, „Екстра Фунги“-Чешиново , „Осогово милк“- с.Соколарци, „Слога“-Чешиново, кафана„ Облешевка“ и МЈБ РИЧ маркет. Со оваа акција сакаме да покажеме дека секој граѓанин за нас е важен. Хуманоста и солидарноста се од најголема важност, особено во период кога многу наши сограѓани се со нееднакви шанси и можности за секојдневно функционирање и егзистенција.Набавени и поделени беа вкупно 46 пакети со прехрамбени продукти.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *