Отворена нова градинка во Спанчево

Вчера во присуство на Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, ја пуштивме во употреба Новата детска градинка „Штркче“ во село Спанчево.
Веќе постоечкиот општински објект во село Спанчево со средства обезбедени преку Министерството за труд и социјална политика го реконструиравме и го адаптиравме во детска градинка , која ги исполнува сите стандарди и е со капацитет за згрижување на околу 20 деца од 12 месеци до 6 години од предучилишна возраст.
Отворањето на новата детска градинка е од особено значење бидејки веќе постоечките две градинки кои се наоѓаат во Чешиново и Облешево не успеваат да ги згрижат сите деца од општината од предучилишна возраст , па поради тоа неопходно беше да биде отворена уште една детска градинка со која ќе обезбедиме дополнителен простор за згрижување на се поголем број дечиња.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *