Новогодишно обраќање на градоначалникот Далибор Ангелов

Почитувани сограѓани,
Новата година е на прагот и посакувам во неа да влеземе со многу оптимизам, надеж, верба, да ја дочекаме со многу љубов и зад нас да ги оставиме сите стравови и болки, искушенија и недоразбирање, да го фрлиме зад нас, сето тоа што нè оптоваруваше во старата.
Сега, кога ги броиме последните часови од старата година, вообичаено правиме резиме на годината што изминува.
Во старата, одговоривме одговорно на многу предизвици, во новата ќе се насочиме кон реализација на нови проекти.

Целта ни е развој во сите полиња од живеењето, од инфраструктура и образование,до спорт и култура. Во сите наши напори стои заедничкиот именител дека работиме во интерес на граѓаните.
Во Новата година влегуваме со нова енергија во остварување на нашите планови и програми – целта останува иста, подобар квалитет на животот на моите сограѓани. Во 2023 продолжуваме со уште поголема енергија и ентузијазам.
Во пресрет на новите 365 дена од 2023 година, во мое име и во име на вработените во Локалната самоуправа, Ви ги честитам Новогодишните празници и Божиќните празници на верниците од православна вероисповед и Ви посакувам мир, благосостојба и здравје, успеси на лично и професионално поле.
Од срце Ви посакувам сè најдобро во Новата Година !
Среќни Новогодишни и Божиќни празници!

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *