ИЗГРАДБА НА УЛИЦА ВО С.ЧЕШИНОВО

Во с.Чешиново во тек е изградба на крак од улицата „Маршал Тито“ со должина од 92метри. Градоначаллникот Далибор Ангелов изврши увид на градежните активности кои се во завршна фаза а со поставувањето на асфалтната маса ќе бидат и комплетно финализирани. „ Со реализација на овој проект опфативме една од централните и прометни улици во с.Чешиново која се наоѓа веднаш покрај црквата. Со цел подобрување на патната инфраструктура деновиве ќе започнавме со изградба и на неколку улици низ населените места од општината односно предвидена е изградба на крак од улица „М.Тито“ во с.Спанчево и улица „Блаже Ефремов“ во с.Уларци.“- истакна градоначалникот Ангелов. Реализацијата на овој проект е преку Вториот проект за подобрување на општинските услуги, за Изградба и рехабилитација на локални патишта ,кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка, а наменет е за поддршка на општините за изградба и санација на локални патишта и улици.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *