Изградба на пешачка патека-тротоар на улицата „Асном“ во с. Чешиново

Денес во општина Чешиново-Облешево започнати се градежни активности за Изградба на пешачка патека-тротоар на улицата „Асном“ во с. Чешиново . Улицата Асном која се наоѓа на самиот влез во селото ќе биде комплетно уредена од левата страна со пешачка патека –тротоар со должина од околу еден километар на која ќе биде поставена урбана опрема од клупи и метални корпи за отпадоци.
Фирма изведувач на градежните активности е „Коп-Инженеринг“ ДООЕЛ Скопје. Вкупната вредност за изградба на Пешачката патека изнесува 3.746.399,00 денари од кои дел од средствата односно 1.834.735,00 ден. се обезбедени од Буџетот на општина Чешиново-Облешево а преостанатиот дел од 1.340.179,00 ден се обезбедени преку Министерството за локална самоуправа-Биро за регионален развој.
Изградбата на пешачка патека ќе придонесе за поголема безбедност во сообраќајот а со самото тоа Чешиново ќе добие и урбано уреден влез.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *