Заврши проектот „Добра земјоделска пракса-богат биодиверзитет“

Во општина Чешиново-Облешево во текот на изминатата недела се реализираа и последните активности од проектот „ Добра земјоделска пракса – богат биодиверзитет “. Проектот го спроведуваше Здружението на жени земјоделки „АГРО-ВИНКА“ од Виницa и е поддржан од Програмата за зачувување на природата во Македонија, Проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а координатори на програмата се Фармахем од Македонија и Helvetas Swiss Intercooperation од Швајцарија.
Преку отворени трибини кои се одржаа во општина Чешиново-Облешево , Кочани, Зрновци и Виница на земјоделците освен едукација им беше овозможено и зајакнување на соработката на сите засегнати чинители, бидејки на овие трибини беа повикани и претставници од општинската администрација, еколошките друштва, ловното друштво, земјоделските здруженија, задругите и кластерот за ориз, месните заедници, претставници од противпожарната станица, од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. На трибините земјоделците имаа можност да се запознаат со ИПАРД фондовите, преку кои земјоделците, приватните сопственици или јавните комунални претпријатија можат да набават соодветна механизација или машини за третирање на жетвените остатоци (мулчирање, балирање и брикетирање).
Како последна активност од проектот беа доставени во четирите општини по 5 табли, кои се Поставени на фреквентни места со предупредувачка содржина дека палењето е штетно и казниво според закон. И покрај тоа што постои законска регулатива со која се забранува палењето на жетвените остатоци, земјоделците воопшто не ја почитуваат, и остануваат на старата навика на палење на стрништата, мислејќи дека е најефтин начин за справување со жетвените остатоци како отпад при производството.
Како резултат од негрижа според статистиката на Територијалната Противпожарна Единица од Кочани за последниот месец односно во месец Јули се регистрирани вкупно 6(шест) интервенции на територијата на Општина Чешиново-Облешево од кои две во атарот на с.Теранци, две во с.Уларци, и по една во Облешево и Чешиново.

13718632_573230706214202_8618041847098314379_n 13726582_573230779547528_7432885694177529352_n 13731636_573230769547529_2134604866119135553_n 13754623_573230712880868_241938930020942774_n 13782241_573230789547527_4837017629334537259_n

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *