Завршена изградбата на патен правец Теранци-Кучичино

Градоначалникот Горанчо Крстев денес изврши увид на градежните работи за изградба на патниот правец Теранци-Кучичино кој е дел од регионалниот пат Виница-Штип а ги поврзува општина Чешиново-Облешево со соседните општини Карбинци и Зрновци. По завршување на подготвителните активности градежна механизација на Јавното претпријатие „Македонија пат“ од денес започна со асфалтирање и комплетно поврзување на овој патен правец.

„Изградбата на овој патен правец е од огромно значење за жителите на нашата општина. Изградивме делница со должина од околу 3километри и широчина од 4метри која ги поврзува населените места Теранци и Кучичино. Изградбата на овој пат ќе придонесе да се намали сообраќајот кој се одвива по магистралниот пат А3, ако досега жителите да с.Теранци за да отидат во Кучичино мораа да изминат 12 километри сега со изградбата на овој пат истото можат да го направат само за 3километри, освен тоа со негова изградба ке се намалат изминатите километри и до соседните општини.“– изјави градоначалникот Горанчо Крстев.
Делницата Теранци – Кучичино е дел од програмата на Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија за изградба на регионалната делница во истокот која ке ги поврзува општините Штип, Карбинци, Чешиново-Облешево, Зрновци и Виница.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *