БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ 2022

Денес,во сите Христијански храмови во општина Чешиново-Облешево се одржа утрешна богослужба за големиот христијански празник Богојавление-Водици каде што присуствуваше и градоначалникот Далибор Ангелов и членови на Советот на општината. Традиционално и оваа година во нашата општина на шест места се одржа христијанскиот чин на осветување на водите и потопување на Светиот крст. И оваа година општина Чешиново-Облешево обезбеди скромни подароци за нај среќните. Најголема среќа меѓу сите што скокаа по крстот во осветените води на Река Брегалница кај с.Теранци имаше Леон Трајанов од с.Чифлик , Марио Иванов во с. Соколарци , Климент Данилов во с.Спанчево , Васе Нисов во с.Чифлик , кај с.Жиганци Драган Гацов, кај с.Кучичино Бојан Јованов од Бурилчево , на сите нив им посакуваме многу здравје и среќа во животот .

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *