Хортикултурно уредување во с.Уларци
Во тек се градежни активности за изградба на Хортикултурно уредување во с.Уларци. Во основа тоа претставува уредување на централниот дел на с.Уларци каде се работи на поплочување на простор од вкупно 35м2 кој ќе биде уреден со зелена површина како и клупи за одмор каде ќе можат жителите на ова населено место да го поминуваат своето слободно време.
Овој проект е подражан од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Со Хортикултурно уредување во Општина Чешиново-Облешево ќе бидат опфатени уште 10 населени места од општината и тоа: Соколарци, Спанчево, Бања, Жиганци,Чешиново, Бурилчево,Кучичино,Теранци, Чифлик, Облешево.