Одбележан 6-ти мај – „Денот на штркот“

Со пригодна програма денес, 06.05.2016 година, Општина Чешиново-Облешево во соработка со двете основни училишта во општината го одбележа 6-ти мај -„Денот на штркот“. Манифестацијата се одржа во „Паркот на штркот“ во Чешиново. На манифестацијата со свои музички настапи се претставија учениците од IV и V одделение како и најмалите од градинката „Ѕвездички“ од Чешиново. По повод распишаниот литературен и ликовен конкурс доделени беа и награди за најдобрите творби. На крајот одржана беше и едукативна работилница за изработка на сувенири. На манифестацијата присуствуваше и познатиот македонски сликар Живко Поповски-Цветин кој за време на манифестацијата наслика слика по повод овој ден. Градоначалникот Костадин Личков исто така присуствуваше на оваа несекојдневна манифестација во Чешиново-Облешево.

13118859_545230755680864_6970396037116012729_n13103444_545229809014292_5637811187362235181_n 13119045_545234222347184_4548886658313221217_n 13122999_545233275680612_1248968891846330837_o 13133229_545229999014273_8494065648963192675_n 13139128_545229882347618_5889385547026429340_n 13151570_545234095680530_1302691503243906682_n 13151588_545230892347517_4888162635337485281_n 13151936_545229192347687_8482702811830390781_n 13173910_545228979014375_3773474006442920238_n 13174066_545230429014230_2494539561077970385_n 13177319_545226435681296_3514208303166633206_n 13177338_545234375680502_3183872070924081911_n 13177534_545229729014300_5062491603243572459_n 13198564_545230982347508_7885984228756368416_o

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *