Набавка на освежителни безалкохолни и алкохолни пијалоци и прехрамбени продукти, сукцесивно за период од една година

ПОСТАПКА СО БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ

ЗА НАБАВКА НА  СТОКИ

Набавка на освежителни безалкохолни и алкохолни пијалоци и прехрамбени продукти, сукцесивно за период од една година

Облешево, април, 2016 год.

 

 

Инструкции за понудувачите

-Договорен орган

Договорен орган е Општина Чешиново-Облешево, со адреса ул.„Маршал Тито„ бб Облешево, телефон за контакт:078,351-770;033,351-770;електронска адреса:info@cesinovo-oblesevo.gov.mk; контакт лице: Љијанка Андонова.

  1. Предмет на договорот за јавна набавка

Предмет на договорот за јавна набавка е: Набавка на освежителни безалкохолни и алкохолни пијалоци и прехрамбени продукти, сукцесивно за период од една година.

Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа тендерска документација.

– Предметот на договорот е делив на делови како што е дефинирано во техничките спецификации. Понудувачот може да даде понуда за еден, повеќе или за сите делови од предметот на договорот за јавна набавка. Понудувачот не може да ги дели составните елементи на поединечниот дел. За секој поединечен дел од предметот на договорот ќе се спроведе посебна електронска аукција преку електронскиот систем за јавни набавки (https://www.e-nabavki.gov.mk). Предмет на секоја аукција ќе биде вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ за секој дел од предметот на договорот за јавна набавка.

  1. Начин на испорака на стоките

Носителот на набавката е должен предметот на договорот да го испорача на следниов начин : Носителот на набавката е должен предметот на договорот да го испорача по претходно доставена нарачка од Договорниот орган , во просториите на  општина Чешиново-Облешево .

Набавката ќе биде сукцесивна по потреба на договорниот орган, ќе се врши по претходна, поединечна нарачка и плаќањето ќе се врши единствено за стоки кои се нарачани и примени.

– ДО го задржува правото  Договорот да не го реализира во целост туку во зависност од потребите и сукцесивно.

  1. Разлики во цена (корекција на цени)

Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.

  1. Рок на испорака на стоките

Носителот на набавката е должен да ги испорача стоките  предмет на договорот во рок од  1 (еден) ден  од извршената порачка за конкретна количина потпишана од одговорното лице.

Сите понуди кои предвидуваат подолг рок од предвидениот ќе  се отфрлат како неприфатливи.

  1. Начин на плаќање

Начин на плаќање е 60 дена по доставување на фактура и испратница, уредно потпишани за извршен прием на стоките.

  1. Критериум за утврдување на способност на понудувачите

6.1. За да учествува во постапката за доделување на договор, понудувачот треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

6.2. За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да има на располагање документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран, кој го доставува заедно со понудата во оригинал или копија заверена од понудувачот.

6.3.Лична состојба

-изјава од понудувачот дека во последните 5 години не му е била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација,корупција , измама или перење на пари ;

-понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;

– понудувачот да нема неплатени даноци , придонеси или други јавни давачки;

– на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција –забрана за вршење на професија, дејност или должност , односно привремена забрана за вршење одделна дејност;

– на понудувачот со правосилна пресуда да не му е изречена споредна казна прекршочна санкција забрана за вршење на професија , дејност или должност ,односно привремена забрана за вршење одделна дејност;

– на понудувачот да не му е изречена споредна казна –забрана за учество во постапки за јавен повик , доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство;

Понудувачот е должен да дава точни податоци и да ги доставува податоците што ги бара договорениот орган .

Понудувачот е должен да дава точни податоци и да ги доставува податоците што ги бара договорениот орган .

Документите од точка 6.3 не смеат да бидат постари од 6месеци , а се доставуваат во оргинал или копија заверена од понудувачот.Ако договорниот орган се сомнева во документите за утврдување на лична состојба на понудувачот , тој го задржува правото да побара информации директно од надлежните органи кои ги издавале документите за утврдување на личната состојба.

Согласно со член 102,став 4 од Законот за јавни набавки (Сл.весник на РМ бр.136/07 , 130/08, 97/10 и 185/2011), понудувачот не треба со својата понуда да ги достави горенадедените документи предвидени со законот како доказ за исполнување на критериумите за утврдување на способност. Наместо тоа , понудувачот поднесува Изјава дека ги исполнува предвидените критериуми за утврдување на способност , која е дадена во прилог на оваа тендерска документација . Договорениот орган ќе побара само од понудувачот кој поднел најниска цена во текот на електронската аукција да ги достави потребните документи за утврдување на неговата способност.

  1. Изготвување и поднесување на понудите

7.1. Изјава за сериозност на понудата

Во прилог на понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки. Изјавата ја потпишува лицето што ја потпишува и понудата. Доколку лицето што ја потпишува изјавата се разликува од лицето што ја потпишува понудата, во прилог се доставува и овластување за потпишување на изјавата.

7.2. Начин на изготвување на понудата

Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во тендерската документација. Понудата мора да ги содржи сите елементи кои се предвидени во образецот на понуда во прилог на оваа тендерска документација. Понудувачот подготвува еден оригинален примерок. Понудата се пишува со неизбришливо мастило и ја потпишува овластеното лице на понудувачот. Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, ги парафира лицето кое ја потпишува понудата. Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само доколку е парафирано од лицето кое ја потпишува понудата.

Понудувачот поднесува вкупна цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ. Понудената цена треба да ги вклучува и увозните царини доколку ги има, а истите треба да бидат искажани и посебно.

7.3. Елементи на понудата

Понудата треба да е составена од следниве елементи и според следниов редослед:

  • Пополнет образец на понуда ,
  • Пополнета техничка спецификација
  • Пополнет образец на изјава за исполнување на критериумите за лична способност
  • Пополнет образец на изјава за сериозност на понудата
  • Пополнет образец на изјава за независност на понудата
  • Доказ за регистрирана дејност,

7.4. Период на важност на понудата

Периодот на важност на понудата ќе изнесува 90 дена од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Понудите кои содржат покус период на важност од  тој утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.

7.5. Затворање на понудата

Понудувачот го приложува оригиналниот примерок во затворен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.

Внатрешниот плик се приложува во затворен надворешен плик кој:

  • е адресиран со точна адреса на договорниот орган,
  • го содржи бројот на огласот,
  • во горниот лев агол стои ознака „Не отворај“, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите.

Доколку двата плика не се затворени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата. Понудите кои се отворени предвремено поради непридржување кон условите за затворање и обележување на истите ќе се отфрлат како неуредни.

7.6. Принцип на една понуда

Едно правно или физичко лице може да поднесе само една понуда, без оглед дали ја доставува поединечно или како член на група на понудувачи. Во спротивно сите понуди во кои се јавува тоа правно или физичко лице се отфрлаат.

7.7 Краен рок за поднесување на понудите

Краен рок за поднесување на понудата е 06.06.2016  година до 12.00 часот. Понудите кои ќе пристигнат по наведениот краен рок ќе се сметаат за задоцнети и нема да бидат земени предвид во натамошната евалуација.

  1. Критериум за доделување на договорот

8.1.Критериум за избор на најповолна понуда и доделување на договорот за јавна набавка е:

Најниска цена

8.2.Доколку две понуди имаа иста понудена цена, ќе биде изберена понудата која е прва пристигната

  1. Електронска аукција

9.1. Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на постапка со барање за прибирање на понуди која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката.

9.2. Подетални информации за електронската аукција:

Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во постапката со барање за прибирање на понуди. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена, од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката.

Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН.

Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена на адресата за е-пошта на лицето за контакт наведено во Образецот за понуда кое претходно е регистрирано во ЕСЈН.

Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди ; датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени).

По завршувањето на електронската аукција, и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).

10. Известување на понудувачите

Сите понудувачи кои учествувале во постапката за доделување на договор за јавна набавка со барање за прибирање на понуди ќе бидат писмено известени за изборот на најповолна понуда во рок од три дена од денот на донесување на одлуката за доделување на договорот за јавна набавка, а во прилог на известувањето договорниот орган ќе достави и примерок од одлуката. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.

 11. Правна заштита

Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки.

12. Завршување на постапката за доделување на договор за јавна набавка

12.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.

12.2 Веднаш по завршување на постапката, договорниот орган ги враќа мострите, урнеците и документите кои предвидел дека ќе се вратат на понудувачите.

 

 

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *