Повеќенаменското игралиште во Облешево во завршна фаза

Posted By on February 9, 2016

Во завршна фаза е изградбата на Повеќенаменското спортско игралиште во Облешево .
Оваа недела започнато е со оградување на веќе асфалтираниот теренот со транспарентна жичана ограда висока шест метри. Димензиите на ова игралиште се 42.10/25.10 м. Повеќенаменското спортско игралиште во Облешево ќе содржи терени за ракомет, фудбал и кошарка. Игралиштето исто така ќе биде целосно осветлено за да може рекреативно да се користи и во вечерните часови.
Вредноста на инвестицијата за новото повеќенаменско спортско игралиште е околу 7 милиони денари и е дел од проектот „100 повеќенаменски игралишта“ како инвестиција на Владата на Република Македонија,
Општина Чешиново-Облешево тука не престанува да инвестира во најмладите и својата иднина така што ќе продолжи да се стреми кон реализирање на уште повеќе проекти и игралишта во сите населени места во општината каде младите ќе го градат својот натпреварувачки и спортски дух и здрав начин на живеење.

12647354_512010965669510_7958942630324084087_n 12654317_512011085669498_1437369036685606888_n 12670147_512010922336181_3582827967551451572_n 12670434_512010939002846_3523039438911720006_n 12705315_512011052336168_1183288232389887687_n 12715557_512011112336162_7555732889561303019_n 12717769_512011019002838_3996716301533048366_n

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *