Tрибина за згрижувачки семејства

Вчера18.11.2015год(среда) во салата за состаноци во општина Чешиново-Облешево во Облешево се одржа Трибина за згрижувачки семејства.
Трибината беше спроведена од страна на Центарот за социјални работи –Кочани.
На трибината беа презентирани дел од законската рамка на Законот за социјална заштита во делот на вонинституционалната заштита на деца и возрасни лица.
Присутните се информираат за тоа што значи згрижувачко семејство , кој може да се појави во улогата на згрижувачко семејство , какви се обврски и колкав е паричниот надомест кој го примаат згрижувачките семејства. Сите заинтресирани лица кои сакаат да згрижат дете во нивниот дом за информации можат да се обратат во Центарот за социјални работи –Кочани и на тел : 033/274-139.

11036076_486541808216426_1070914202961173303_n 12235078_486541674883106_4082944811982411888_n 12246844_486541678216439_3263679674129640019_n 12246903_486541731549767_743961193022985769_n

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *