101 годишниот Дедо Цане најстариот жител од општината
Најстариот жител во општина Чешиново-Облешево е Дедо Цане од село Бурилчево .
Дедо Цане во сабота на 08 фебруари наполни 101 година , по тој повод го посети градоначалникот Горанчо Крстев кој со подароци и искрени желби му го честиташе роденденот и му посака да го служи добро здравје и да поживее уште долго.
Задоволство беше да слушнеме како Дедо Цане раскажува за неговиот животен пат кој несебично сподели многи совети и искуства и им посака на сите да доживеат како неговата старост.



