Јавна расправа за експропријација на земјиште за нов експресен пат Штип-Кочани

Денес, 23.08.2016 година, во спортската сала „Никола Карев“ во Облешево се одржа јавна расправа за експропријација на земјиште за новиот експресен пат Штип-Кочани, на територијата на Општина Чешиново-Облешево. На расправата беа поканети сите засегнати кои што поседуваат земјиште низ кое минува новата патна делница. На присутните им беа поделени и анкетни прашалници за социо-економската состојба. Покрај тоа можеа да извршат увид на последното решение за новиот пат. На расправата присутни беа и претставници од Агенцијата за државни патишта на Р.Македонија како и од Градежен институт Македонија – ГИМ, и од проектантската фирма „Чакар Партнерс“.

20160823_121506 20160823_121512 20160823_121522 20160823_122111 20160823_122117 20160823_122143 20160823_123115 20160823_123823

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *