Хуманитарна акција по повод Новогодишните и Божиќните празници.
Општина Чешиново-Облешево започнува со хуманитарна акција по повод Новогодишните и Божиќните празници.Акцијата опфака донирање на прехрамбени продукти и средства за хигиена, наменети за ранливата категорија на граѓани. Со ова акција сакаме да покаже дека секој граѓанин за нас е важен и добива еднаква шанса. Хуманоста и солидарноста се од најголема важност, особено во период кога се соочуваме со Ковид-19, вирус кој ни го промени животот, но и остави многу наши сограѓани со нееднакви шанси и можности за секојдневно функционирање и егзистенција.
