УРЕДУВАЊЕ И ПОШУМУВАЊЕ НА ПАРКОТ ВО ОБЛЕШЕВО
Јавното Комунално претпријатие „Облешево“ денес спроведе акција за пошумување и уредување на паркот во Облешево. Во оваа акција за пошумување набавени беа и засадени дрвја од видот липа, брези, јасен, каталпа, платан и др. Целта на оваа акција е етапно да бидат уредени сите зелени површини и во останатите паркови од општината. Се надеваме дека со грижа и одговорност сите ќе придонесеме да пораснат во прекрасни дрвја, корисни за убав лик на парковите !