Трибина на тема „Превенција од кражби кај пензионерите“
Денес во општина Чешиново –Облешево во соработка со СВР Кочани се одржа трибина на тема „Превенција од кражби “. На трибината која првенствено беше наменета за повозрасните лица, бидејќи според податоците на МВР, најчеста жртва на кражбите извршени на дрзок начин се токму тие, присуствуваа голем број пензионери од Општина Чешиново Облешево. Претставниците на СВР Кочани презентирајќи многу примери на присутните им укажаа за можните опасности од ваков вид на кражби и како самите да си помогнат да не дојдат во ситуација да бидат жртви на криминалците. Тоа е всушност и главна цел на овој проект, кој преку зголемена информираност, подигнување на свеста кај граѓаните и преземање на мерки за самозаштита, има за цел да се намали бројот на тешки кражби извршени на дрзок начин врз постарите лица.