Реконструкција на училниците во ОУ „Климент Охридски“во Облешево

Во централното основно училиште ОУ „ Климент Охридски“ во Облешево во пресрет на второто полугодие од учебната година извршена е реконструкција на училниците.
Со реконструкција опфатени се сите простории од вториот кат од училишната зграда односно извршено е бојадисување на ѕидовите санирана е влагата на местата каде што се има појавено и поставен е комплетно нов под со ламинат на вкупно 6 училници.
Реконструкцијата на училишните згради е согласно Програмата за работа на Општина Чешиново-Облешево , со цел околу 200 ученици кои учат во оваа деветолетка да имаат солидни услови за едукација и реализирање на наставата . – истакна градоначалникот Горанчо Крстев.
Директорката на ова основно училиште Силвана Мишкова најави дека Во текот на наредниот период ќе се работи на подобрување на условите и во другите подрачни училишта односно дека веќе имат набавено ламинат и за подрачното училиште во с.Кучичино каде што во најбрз рок ќе биде поставен.
Пред почетокот на второто полугодие од учебната година преземени се исто така и превентивни мерки за заштита од сезонски грипови односно извршена е и дезинфекција на училишните простории.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *