Промена на јавното осветлување со ново ЛЕД осветлување

Денес во општина Чешиново-Облешево започна промена на јавното осветлување по ЕСКО модел за јавно осветлување кое ќе се изврши во сите населените места од општината.Станува збор за нов модел на високо квалитетна ЛЕД технологија за улично осветлување, со него ќе се овозможи значителна заштеда на електрична енергија а со самото тоа и намалување на трошоците за плаќање на сметките за електрична енергијаОвој проект е дел од Регионалната програма за енергетска ефикасност во Република Северна Македонија, која ја поддржува енергетската ефикасност со фокус на јавниот сектор преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), за што е обезбедена финансиска поддршка од Инвестициската рамка на Европската Унија за Западен Балкан. Промената на Јавното осветлување за нашата општина е од особено значење бидејки покрај тоа што имаме големи заштеди, кога би ги спомнале финансиските импликации од реализацијата на проектот, ќе имаме и поквалитетен и модерен живот.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *