Прв училишен ден
Денес Градоначалникот и претставник од Советот на општина Чешиново – Облешево ги посетија основните и подрачните училишта од „Страшо Пинџур“ Соколарци и „Климент Охридски“ Облешево. По повод првиот училишен ден на децата од прво одделение им беа доделени подароци со училишен прибор. Градоначалникот ги поздрави сите ученици и им посака многу здравје и успеси во понатамошното образование.





























