Прв училишен ден за првачињата

Градоначалникот на општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев денес ги посети основните училишта „Климент Охридски“ Облешево и “Страшо Пинџур“ Соколарци по повод првиот училишен ден за децата од прво одделение. 
Градоначалникот ги поздрави сите ученици со што им посака многу успеси во понатамошното образование а воедно на првачињата им врачи подароци со училишен прибор.
На првачињата им посака да се радуваат на овој ден бидејќи денес започнува една нова фаза од нивниот живот, каде ќе се стекнат со многу знаења во текот на образовниот процес кој ќе им овозможи да се развиваат и изградат како индивидуи а со самото тоа ќе си овозможат и подобра иднина бидејќи образованието е чекор кој успехот.
Свое поздравно излагање пред учениците, родителите и наставниците имаа и директорите на училиштата кои им посакаа добредојде на новите ученици, апелирајќи им да бидат упорни и истрајни во понатамошните предизвици.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *